Хуманитарна акција за децата со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение

33

Во текот на месец октомври оваа година, Здружението на Социјални работници на град Скопје, поддржано од Град Скопје, во соработка со нашата Гимназија реализираше проект: Младински волонтеризам и здрави животни навики. Во работилниците од овој проект учествуваа ученици од паралелките III-1, III-2, III-3, III-4, III-5, III-6, III-8 и III-10. Нивен организатор и координатор беше предметниот професор по социологија Цеца Ѓорѓиева. По завршувањето на работилниците, за што учениците се здобија и со сертификати, на 30ти октомври во аулата на Гимназијата од страна на учениците беше спроведена хуманитарна акција, а собраните средства како облека, училишен прибор, книги, лектирни изданија, играчки и спортски реквизити беа наменети за децата од ЈУ за згрижување за деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение, во Бутел, Скопје. По завршувањето на хуманитарната акција, директорот на ЈУ, Стевчо Соколовски со претставници од истата ја посети Гимназијата и изрази благодарност на Директорката Татијана Стојанова-Дуева. По повод неделата на детето, на 17ти ноември дел од учениците кои учествуваа во овој проект со професорката Цеца Ѓорѓиева беа гости во ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во населбата Бутел, Скопје.

10 11 22 33 44 55 66 77 99 111 112