Едукативен семинар “Демократијата и Собранието”

12355106_543778495777782_1917137143_n

Ученици од четврта година заедно со професорката Кристина Павловска присуствуваа на едукативен семинар со наслов:”Демократијата и Собранието” во Центарот за едукација на Парламентарниот Институт во Собранието на Република Македонија. Целта на семинарот е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.
Исто така, учениците имаа можност преку организирана обиколка да го разгледаат свечениот дел на Собранието и да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно одбележје на македонската државност.

12351043_543778469111118_1630279612_n 12355106_543778495777782_1917137143_n 12358112_543778465777785_1918839566_n 12380288_543778479111117_1191690463_n 12380549_543778475777784_1999452000_n