Конкурс за запишување ученици во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ за учебната 2015/2016 година

уписи

Согласно член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 и 10/15) и Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13 и 41/14) запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс, Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот објави:

К О Н К У Р С
за запишување ученици
во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година
во Република Македонија

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година предвидено е во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“- Скопје да се запишат 408 ученици во 12 паралелки и тоа:

– 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и

– 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик

според наставните планови и програми за: Гимназиско образование со минимум 60 поени.

Во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје ќе се запишат и 20 ученици во трета година во програмата – Меѓународна матура.

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2015/2016 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.
Условите за запишување на учениците се:- да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за гимназиско образование;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Во Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито”Паралелки има паралелки во кои се изучува германски јазик со 6 часа неделен фонд.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

За програмата за Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија “Јосип Броз Тито”, роковите за запишување, потребните документи и сите други потребни информации ќе бидат објавени на огласната табла на училиштето.

 

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2015 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 25 јуни 2015 година, а резултатите ќе се објават на 26 јуни 2015 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 29 и 30 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2015 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2015 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 27 август 2015 година.

Пријавувањето за програмата Меѓународна матура во Гимназијата “Јосип Броз Тито” се врши од 14 до 22 мај 2015 година.

 

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

− дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

− средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување од јунскиот уписен рок, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата за второто пријавување во јунскиот уписен рок, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата за пријавувањето во августовскиот уписен рок, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени во споредба со второто пријавување во првиот уписен рок (односно најмногу до 10 поени за двата уписни рока), освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата во кои се реализира настава за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка кои не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс по двете пријавување од јунскиот уписен рок, потребно е до 2 јули 2015 година да достават до Министерството за образование и наука, барање за добивање согласност за намалување на поените заради пополнување на слободните места за августовскиот уписен рок.
Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување во јунскиот уписен рок и за вториот уписен рок да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма.

Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши:

– за јунскиот уписен рок, второ пријавување на 26 јуни 2015 година.

– за августовскиот уписен рок на 2 јули 2015 година.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

 

VI. ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 24 април 2015 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс.