European Mobility Week

Во рамки на European Mobility Week која се реализираше во периодот од 16 до 22 септември 2015 година на 21.09.2015 (понеделник) две паралелки од нашата Гимназија (III-3 Класен раководител Цеца Ѓорѓиева и III-10 Силвана Гелевска) зедоа учество во оваа недела. Вкупно 52 ученици со горенаведените класни раководители беа земени од пред Гимназијата со градски автобус на ЈСП во 9 јасот и однесени на средно Водно каде беа ученици од другите средни училишта од град Скопје. Учениците од нашата Гимназија од страна на одговорни лица од Град Скопје беа распределени околу хотелот Средно Водно, претходно им беа поделени маици, ракавици и вреќи за ѓубре од одговорни лица од паркови и зеленила како би можеле да земат учество во акцијата ,,Да го исчистиме нашето Водно” . Поради временските услови реализацијата на оваа акција заврши околу 11.30h .За работата и земеното учество во истата говорат и приложените фотографии.
Предметен проф. по социологија и Класен раководител на паралелката III-3
Цеца Ѓорѓиева