Седмица на ЕУ-Ден на велосипедизам

eu-1

На ден 17.09.2015г.(четврток), учениците од трета година од Гимназијата, заедно со

професорката Емилија Величкова, присуствуваа на трибина која се одржа во канцеларијата на

Европска унија во соработка со Град Скопје. На трибината се говореше за почестата употреба на

велосипеди во големите градови, но воедно и нивна потреба.

Исто така беа истакнати новите обележани велосипедски патеки и рутите кои ги

поврзуваат сите краеви на градот до самиот центар.

Едночасовното дружење заврши со покана упатена до сите ученици, да се приклучат кон

одбележувањето на Денот на Европската унија со возење велосипед на 22.09.(вторник), тргнувајќи

од Плоштад Пела, до Градскиот парк.

This slideshow requires JavaScript.